Јапонија развива вакцина за доживотен имунитет од КОВИД-19

- Advertisement -


Истражувачи од Институтот за медицински науки на Токио работат на вакцина против КОВИД-19 која не само што ќе создава доживотен имунитет од КОВИД-1, туку ќе може да се чува на собна температура и да се транспортира до каде било.

Во период кога драстично се зголемува бројот на луѓе инфицирани со омикрон варијантата, многу земји наскоро ќе мора да воведат строг карантин или да дозволат вирусот да се шири меѓу популацијата. Вакцинацијата е неопходна за да се намали сериозноста на болеста, но таа не е ефективна кога станува збор за преносливоста на вирусот. Додека многу компании забрзано работат на вакцини за различните варијанти на корона вирусот, добредојдена е веста за една единствена вакцина која ќе ги штити сите.

- Advertisement -

Вакцината ја развива Мичинори Кохара со неговиот тим и се базира на најефикасната вакцина во историјата -вакцината за мали сипаници. Тимот користат еден сој на вирусот вакцинација, кој не предизвикува болест, и во него ги замениле протеините со шилестите протеини на САРС-КоВ-2.

Оваа стратегија на замена на протеините е широко применувана, но Кохара е убеден дека неговата ваквина не само што ќе создава неутрализирачки антитела со само една доза, туку ќе создаде клеточен имунитет кој обезбедува долготрајна заштита.

- Advertisement -

Експериментите кои ги направиле на глувци покажале дека вакцинираните глувци имале високо ниво на антитела дури 20 месеци после вакцинацијата, односно до крајот на нивниот живот. Кога ќе се дадат две дози од вакцината, на растојание од 3 недели, десеткратно се зголемува бројот на неутрализирачките антитела.

Слични експерименти направени на макаки мајмуни покажале дека вакцината штити од инфицирање со вирусот, а седум дена по вакцинацијата нивоата на вирусот во телото на вакцинираните макаки биле многу пониски од нивоата кои се детектираат со тестовите.

- Advertisement -

Кохара вели дека вакцината ќе има една дополнителна предност – ќе има многу помалку нуспојави во споредба со другите вакцини. Истражувачите досега ја тестирале вакцината против четирите досега пријавени варијанти на корона вирусот и се покажала ефективна против сите четири. Кохара е уверен дека вакцината ќе биде ефикасна и против омикрон варијантата.

Токискиот Институт за медицински науки ќе соработува со производителот на лекови Nobelpharma за спроведување на клинички тестирања. Се очекува првата и втората фаза од клиничките тестирања на луѓе да почнат во 2023 година, а веднаш потоа ќе следува многу посеопфатна фаза од тестирањата ако не се појават никакви проблеми со ефикасноста и безбедноста на вакцината. Ако се оди според планот, јапонската вакцина ќе биде комерцијално достапна најрано во 2024 година.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -