Франција дава 4.000 евра за замена на автомобилите со електрични велосипеди

- Advertisement -

Франција сака до 2024 година 9% од населението да почне активно да користи велосипеди, што е амбициозна цел со оглед на тоа дека моментално тој удел е околу 3%. За да ја исполнат таа цел француската влада е спремна на граѓаните да им даде доста пари и најавија зголемување на зубвенциите за луѓето кои сакаат своите бензинци и дизелаши да ги заменат со електрични автомобили.

Субвенциите нема да бидат исти за сите, а максималниот износ кој би можел да се добие за купување електричен велосипед е дури 4.000 евра. Толку ќе добијат луѓето кои живеат во домови со полоша имотна состојба, додека оние кои се малку побогати исто така ќе бидат субвенционирани, но со помали суми.

- Advertisement -

Франција ги воведе субвениицте уште миинатата година, но изгледа дека не го дале посакуваниот успех, па затоа властите одлучиле да преземат повеќе за луѓето да се свртат кон алтернативните превозни средства кои се попогодни за околината и за борбата против климатските промени. Исто така, освен субвенциите, во некои градови најавија и големи инвестиции за да се прилагодат на велосипедистите.

Францускиот претседател Макрон најави инвестиција од други 250 милиони евра за уредување на велосипедската инфраструктура во Париз за велосипедите да може безбедно да се возат по целиот град и во план е изградба на дури 130 км нови велосипедски стази само во текот на наредните пет години.

- Advertisement -

(The Times)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -