Приштина забрани рударење на криптовалути

- Advertisement -

Косовската влада одлучи да го забрани производството на криптовалути низ Косово поради зголемената потрошувачка на електрична енергија.

Имено, косовскиот министер за енергетика Артане Ризваноли изјави дека меѓу препораките за воведување вонредни мерки поради електричната криза во Косово е и забраната за производство на криптовалути низ Косово

- Advertisement -

Мерката, изјави Ризваноли за медиумите, ќе вклучи идентификување и суспендирање на страници за криптовалути.

Иако јавноста ретко зборува за тоа, производството на криптовалути во Косово во последните години достигна масовни размери, особено што немаше сериозни контроли на ова производство.

- Advertisement -

(Denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -