Претставен првиот сателит составен и регистриран во Хрватска

- Advertisement -

Првиот хрватски сателит CroCube беше претставен минатиот петок во ZICER на Загрепскиот велесаем, а во февруари треба да биде лансиран од Калифорнија во орбитата со ракетата Falcon 9 на американскиот милијардер Илон Маск.

CroCube е наносателит во форма на коцка со црвено-бели полиња како хрватското знаме. Тежи околи 1,1 кг и е голем 10x10x10 см. После претставувањето, CroCube оди за Чешка на вибрациски тестови, кои ќе симулираат услови при лансирање. Потоа е предвидено лансирање во орбиатата во февруари 2024 година од Калифорнија на летот Transporter-10.

- Advertisement -

Овој сателит ќе има две камери и два радиоемитери, а ќе ја фотографира површината на Земјата од 550 км висина. Во текот на мисијата ќе може на официјалната интернет страница да се следи и движењето на сателитот. Во себе ќе има интегрирана микро SD картичка со имиња и презимиња на донатори, фотграфии на заинтересирани граѓани и посебна плочкаа со изгравирани имиња на најголемите спонзори.

На крајот CroCube ќе биде привлечен од земјуината гравитација и целосно ќе согори во атмосферата без остатоци. На проектот работеле експерти од различни полиња и компании, додека самата коцка е составена на Катедрата по физика при Природонаучниот математички факултет при Загрепскиот универзитет.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: CroCube)

Сподели!
- Advertisement -