Милано ќе гради супер долга мрежа од велосипедски патеки

- Advertisement -


Италијанскиот град Милано сака да изгради мрежа од велосипедски патеки долга 750 км до 2035 година со цел да го претвори возењето велосипед во најпрактичната форма на локален транспорт.

Врз основа на податоци за дневното движење на жителите, мрежата наречена Cambio ќе ги поврзува постојните велосипедски патеки и ќе го надгради со супер коридори за велосипеди кои ќе го поврзуваат градот Милано во северна Италија и сите 113 општини во пошироката градска област.

- Advertisement -

Кога ќе биде комплетирана мрежата, 86% од жителите на Милано и 80% од услугите како болници, училишта и бизниси ќе бидат на растојание од 1 км со велосипед. Мрежата од 24 автопати за велосипеди треба да биде готова до 2035 година, а дотогаш се планира најмалку 20% од градскиот транспорт да се врши со велосипед.

Иницијативата е дел од поголемата цел на Милано да достигне нула емисија на гасови до 2050 година во согласност со целите на Парискиот климатски договор. Мрежата Cambio ќе се состои од четири кружни линии поставени концентрично околу центарот и пресечени со 16 попречни линии, додека четири долги зелени патеки ќе го поврзуваат центарот со периметарот.

- Advertisement -

Мрежата ќе има и посебни места за паркирање велосипеди, физички и дигитални дисплеи со мапи како и еколошки светла кои ќе се полнат во текот на денот, а ќе светат само кога ќе помине некој велосипед со цел да заштедат енергија.

Иако проектот ќе чини 250 милиони евра, се проценува дека со него ќе се оствари заштеда поголема од 1 милијарда евра така што ќе се намали метежот и незгодите по патиштата.

- Advertisement -

(Dezeen)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -