Кинеската вселенска програма (CNSA) е првата која детектираше траги од вода на површината Месечината со помош на лунарната сонда Chang’e-5. Новото откритие е уште еден битен чекор за CNSA, која амбициозно го намалува јазот до двете историски суперсили – САД и Русија.
Со години благодарение на повеќе орбитални опсервации и земање примероци познато е дека вода постоела на Месечината, Всушност, мината година калифорнискиот стартап Masten Space Systems најави дека развива роботски ровер кој може да ископува мраз на Месечината за да обезбеди вода и кислород за идните населеници на Месечината.
Сепак, според кинеската вселенска програма досега вода не била дететкирана на Месечината од страна на ровер или лунарна сонда. Во новата студија објавена во весникот Science Advances истражувачите детално објаснуваат дека лунарната почва на местото на слетување на површината има помалку од 120 грама вода на тон.
Сондата Chang’e-5 го искористила својот лунарен минеролошки спектрометар за да изврши мерење на одбивањето на светлината од површината на карпите или реголитот.
Сепак кинеската вселенска програма има за цел да ја позиционира земјата како една од најголемите светски суперсили. CNSA неодамна откри река развива нуклеарен реактор за Месечината, кој ќе биде 100 пати помоќен отколку реакторот што го развива НАСА.
(Interesting Engineering)
(фото: Pexels)