Кинеските подморници ќе работат на литиум-јонски батерии

- Advertisement -

Кинеската морнарица конечно ќе може да користи литиум-јонска технологија за замена на олово-киселинските батерии кои сега ги користат во конвенционалните подморници. Литиум-јонските батерии наскоро ќе ја напојуваат си енергија масивната кинеска флота од подморници како реаултат на еазвојот на доминантната кинеска индустрија за електрични автомобили,

Бидејќи литиумските батерии имаат поголем ризик од фаќање пожар или експлодирање, морнарицата досега не сакаше да ги замени. Но, откако беа решени тие проблеми, наскоро олово-киселинските батерии во подмониците ќе бидат заменети со литиум-јонски, вели Ванг Фенг, лидер на студијата и дизајнер на подморници.

- Advertisement -

Со таа промена ќе се подобри капацитетот на подморниците за преживување на битка, покажа истражувањето објавено на 15 октомври во весникот Marine Electric and Electronic Engineering.

Се проценува дека Кина има 60-70 подморници и наводно ја поседува најголемата флота конвенционални подморници во светот. Два критични водени патишта кои се главно заштитени од подморници се Јужното Кинеско Море и Тајванскиот проток.

- Advertisement -

Повеќе од една деценија кинеската армија планира да ги замени олово-киселинските батерии со литиум-јонски. Олово-киселинската технологија во подморниците, кои не се променети од Втората светска вона наваму, е проблематична затоа што има слаб капацитет за складирање енергија, долготрајно полнење, лимитирана излезна струја, краток рок на траење и многу често испупштаат олово.

Никелот и кобалтот, кои се додаваат во батериите за да им се подобрат перформансите, уште повеќе придонеле за несреќни случаи со олово-киселнски батерии, иако некои фабрики за батерии во Кина сега ставаат железо и фосфати. Железото и фосфатите, кои се широко распространети и евтини, може да создадат многу стабилна структура, која ја зголемува безбедноста на литиум-јонските батерии без да влијае на нивните перформанси.

- Advertisement -

Индустриските податоци покажуваат дека бројот на нови електрични возила во Кинакои користат технологија со железо и фосфати е поголем од бројот на возила со технологија базирана на никел и кобалт.

Според тимот на Ванг, подморниците со литиумски батериверојатно ќе користат желео и фосфати затоа што Кина главно увезува никел и кобалт. Јапонската морнарица почна да ги користи литиумските батерии по цена на ефикасноста уште во 2018 година. Јужна Кореја, пак, ја лансираше првата подморница со литиум-јонски батерии, со додадени никел и кобалт, во текот ан 2021 година. Прототипови на такви батерии за морнарица се развиаат и во Германија и во ФРанција.

(Interesting Engineering)

(фото: EurAsian Times)

Сподели!
- Advertisement -