Инстаграм почна со тестирање на „претплати“ на профилите на креаторите

- Advertisement -

Инстаграм тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците, за одредена месечна претплата, да уживаат во ексклузивна содржина создадена од нивните омилени креатори. Според објавата на блогот на матичната компанија „Мета“ (Meta Platforms), Инстаграм ќе им даде слобода на креаторите да ја изберат цената по која сакаат гледачите да се претплатат на нивната содржина.

Некои медиуми пишуваат дека цените ќе се движат од 1 до 100 американски долари, а Инстаграм нема да бара процент од претплатата, барем до крајот на 2023 година.

- Advertisement -

На овој начин креаторите можат да заработуваат постојани месечни приходи, нудејќи им ексклузивни поволности и искуства на најактивните и најангажираните следбеници.

„Креторите го прават она што го прават за да заработат за живот и важно е тоа да биде предвидливо. Претплатите се еден од најдобрите начини да се има постојан приход“, вели Адам Мосери, првиот човек на Инстаграм.

- Advertisement -

На овој начин креаторите на Инстаграм ќе можат да објавуваат ексклузивни „Стори“ содржини, како и вклучувања во живо наменети само за следбениците кои се претплатиле на нивниот профил.

За почеток опцијата ќе биде тестирана кај десетина американски креатори.

- Advertisement -

„Иако претплатите се достапни само за ограничен број креатори во САД за време на овој првичен тест, имаме планови да го зголемиме пристапот до повеќе креатори во текот на следните неколку месеци“, соопшти Инстаграм.

Сите следбеници што ќе се претплатат на некој профил ќе имаат ексклузивен беџ до нивното име при коментарите и пораките што ги оставаат, со цел креаторите да можат лесно да ги идентификуваат своите претплатници.

Извор – Мета

Сподели!
- Advertisement -