Вселената е преполна со црни дупки – има можеби 40 милијарди

- Advertisement -


Во вселената постојат можеби дури 40 милијарди црни дупки. Овој нов податок го открија европски научници во својата најнова студија, а тоа е само уште еден доказ дека вселената е незамисливо голема.

Тие црни дупки можеби се само 1% од познатата материја во вселената, а тоа вклучува се што се состои од атоми, но ги исклучува честичките како електрони и големината на темната материја.

- Advertisement -

Истражувањето на европските научници предводено од италијански тим сугерира дека ѕвездите кои умираат можеби се градежен материјал за супермасивните црни дупки, кои се најголеми и најмоќни предмети во целиот космос.

Најголем дел од тие дупки веројатно се помали од просекот, а научниците веруваат дека тие можеби се почетната точка за создавање супермасивни верзии додека се спојуваат.

- Advertisement -

„Нашиот труд дава една груба тероија за генерирање материјал за масивните и супермасивните црни дупки и може да биде почетна точка за истражување на потеклото, со што ќе се занимаваме во иднина“ вели д-р Лумен Боко, коавтор на студијата.

Студијата е објавена во научното списание The Astrophysical Journal.

- Advertisement -

(Natural History Museum)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -