НАСА откри органски материи на Марс

- Advertisement -

Роверот на НАСА, Curiosity, пронајде органски соединенија во седименти во кратер на Марс стари 3,5 милијарди години, објави НАСА во четвртокот.

Како што пренесува CNN, роверот детектирал и присуство на метан во атмосферата на Марс. Податоците кои биле добиени преку бушење во кратер на Марс се дел од потрагата на НАСА по органски молекули кои би можеле да покажат дали некогаш постоел живот на црвената планета.

- Advertisement -

Потрагата по живот надвор од Земјата се фокусира на откривање на елементите кои создаваат живот како органски соединенија и молекули, иако тие можат да постојат и без присуство на живот. Органските материи би можеле да бидат потврда за постоење живот во далечното минато на Марс или извор на храна за некои видови на живот.

Метанот се смета за наједноставна органска молекула и е присутен и на други места во Сончевиот систем кои би можеле да бидат погодни за живот.

- Advertisement -

Новите откритија се објавени и во научното списание Science, а научниците веруваат дека ова е важен чекор за полето на астробиологијата.

„Доста ги проширивме истражувањата за органски соединенија што е клучно во потрагата по живот надвор од планетата Земја.“, изјавил Пол Махафи, автор на студијата и директор на центарот Goddard Space Flight на НАСА.

- Advertisement -

Научниците од НАСА веруваат дека со новодобиените податоци добиваат потврда дека се на добар пат во потрагата по живот.

Сподели!
- Advertisement -