Invoxia e “Apple Watch” за кучиња. Ја следи нивната активност и здравствена состојба. Креаторите на оваа иновација уверуват дека огрлицата подеднакво добро функционира на кучиња кои имаат кратки но и кај оние кои имаат бујни и долги влакна.
Сопствениците на домашни миленичиња се склони да трошат повеќе пари на нив отколку на себе. За тоа се свесни и претприемачите па затоа на пазарот се нудат различни специјализирани храни, козметика, облека, креветчиња и перничиња, ланчиња и во последно време и гаџети наменети за нив.
Технолошката компанија Invoxia на CES 2022 во Лас Вегас го престави паметното ланче за кучиња кое на сопствениците би требало да им помогне да го надгледуваат здравјето на своите кучиња. Како што истакнаа од компанијата, 10 до 20% од кучињата имаат ризик од развој на проблеми со срцето, а ова ланче би можело да ги предупредува сопствениците на таквата состојба уште пред да ги пројават првите симптоми. Ова ланче го следи работењето на срцето и фреквенцијата на дишење, благодарение на минијатурните сензори и вештачката интелигенција. Во компбинација со податоците за неговото спиење, сопственците на своите паметни телефони може да видат во каква здравствена состојба е нивното куќе.
Авторите на Invoxie го нарекуваат овој уред “Apple Watch” за кучиња и уверуваат дека ова ланче подеднакво добро функционира на кучиња кои имаат кратки но и кај оние кои имаат бујни и долги влакна. Еднаш наполнето ова ланче може да работи неколку недели.
Ланчето Invoxia ќе биде достапно само за средни и големи кучиња од летото 2022 година. Ќе чини 99 долари и уште 13 долари за следење на податоците од апликацијата.
Фото – www.invoxia.com