Азески: Клучна разлика помеѓу тој што успева во бизнисот и тој што не успева е ризикот

- Advertisement -

ПОДНАСЛОВ – МОЈАТА ДЕВИЗА Е ОЧЕКУВАЊАТА ДА СЕ ВО КОРЕЛАЦИЈА СО РЕАЛНОСТА, А КОНСТАНТА НА МОЈОТ ЖИВОТ Е ДА ПРАВИШ НЕШТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА, БИДЕЈЌИ САМ НЕ СИ ЗА НИКАДЕ.

Интервјуто на Претседателот Бранко Азески, во економскиот магазин „Економија и Бизнис“ по повод 100 годишнината од Стопанска комора на Македонија што излегува деновиве…

- Advertisement -

На прашањето,има ли бизнис во Македонија, Азески вели, „Има многу дефиниции за бизнисот. Уште толку книги, научни трудови, рецензии, докторати, и што ли уште не. Народски кажано, бизнисот во суштина се состои во тоа дали прифаќаш ризик или не. Клучна разлика помеѓу тој што успева во бизнисот и тој што не успева е ризикот. Колку поголем ризик, толку поголем профит. Просто како грав. Сè друго е изговор на неуспешноста. А изговори има колку сакате“.

Вели и дека во државата има малку бизнисмени за разлика од другите нации и држави каде што бизнисот е начин на живот. „Што е тоа што ние имаме во бизнисот? Ние имаме поединечни успешни примери кои се исклучок од просечноста. Е токму тие успешни примери по правило, кај нас, се „сомнителни ликови“ за јавноста и потенцијални противници на секоја политичка номенклатура. Наместо да станат пример за секој млад човек, тие личности се изложени на јавната сцена како објекти кои треба да се правдаат зашто се успешни. Звучи неверојатно, но вистинито. Значи, нас ни е потребна потполно нова концепција за сфаќањето на бизнисот. Стратегија која ќе создаде нова реалност во која централно место ќе заземе бизнисот кој е алфа и омега на нашиот опстанок, како мала и неразвиена земја“, посочува Азески.

- Advertisement -

Многу повеќе ќе прочитате во интервјуто во печатеното издание на „Економија и Бизнис“ .

Сподели!
- Advertisement -