Јапонија пролетва ќе добие нов лек за КОВИД-19

- Advertisement -

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денес изјави дека владата ќе разгледа дали да даде условно, рано одобрение за таблетите за КОВИД-19 кои ги направи компанијата Shionogi & Co Ltd. Ако клиничките испитувања ја потврдат безбедноста и делотворноста на лекот, Кишида истакна дека би сакале уште веднаш да се разгледа одобрението за лекот.

Од Shionogi, пак, објавија дека новите резултати се дел од тековното клиничко испитување познато како S-217622 и покажале значителна разлика во антивирусните ефекти во споредба со плабебо, како и подобрување ан симптомите.

- Advertisement -

Извршниот директор на компанијата, Исао Тешироги, на прес конференција откри дека компанијата може да поднесе барање за рано одобрение на лекот уште идната недела и дека се во состојба да испорачат 1 милион дози до крајот на март годинава.

Весникот Mainichi претходно извести дека Јапонија размислува да дозволи компанијата Shionogi да продава антивирусни орални таблети уште оваа пролет откако фармацевтската компанија добила посебна дозвола да ја прескокне последната фаза од клиничките испитувања.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -