НАСА објави фотографии од базен во кој астронаутите ќе се подготвуваат за враќање на Месечината

- Advertisement -

Во текот на оваа деценија НАСА сака повторно да направи мал чекор за човекот и огромен чекор за човештвото. Иако мисијата за враќање на Месечината е одложена од 2024 за 2025 година, датум кој исто така може да се смени, подготовките за слетување на земјиниот сателит се во полн ек.

Од голема важност е подготовката на астронаутите за живот на Месечината, а НАСА минатата недела објави фотографија со која покажаа како ќе изгледаат тие подготовки. Имено, во вклоп на нивната лабораторија Neutral Buoyancy Laboratory во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон се наоѓа огромен базен во кој ќе се симулираат услови со какви астронаутите ќе се соочат на Месечината, а моментално тој базен се подготвува за стронаутите.

- Advertisement -

Фотографијата открива двајва луѓе на дното на базенот, на кој дното е направено како Месечевата површина и со многу слабо осветлување. Како што објаснуваат од НАСА, на местото на кое астронаутите ќе слетаат и ќе одат по Месечината, Сонцето ќе се наоѓа на неколку степени над хоризонтот, така што сосветлувањето ќе биде вистински предизвик, односно ќе биде прилично мрачно, а сенките ќе бидат долги и темни.

Таквите услови на дното на базенот, какви што треба да бидат и на Месечината НАСА се обидува да ги симулира со гаснење на сите светла и поставување на црни пердиња на рабовите на базенот за да се намали отсјајот, а единственото осветлување кое го користат е силна кинематографска ламба. Сето тоа треба да помогне во создавање на осветлување и атмосфера со која ќе се соочат астронаутите кога повторно ќе стапнат на Месечевото тло. Како што можете да видите од фотографиите, тие услови нема да бидат ни пријателски, ни пријатни.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -