Франција гради уште шест нуклеарки

- Advertisement -


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека во земјата ќе бидат изградени најмалку уште шест нуклеарни реактори во наредните децении и ќе ја стават нуклеарната енергија како главен фактор за тежнеењето кон нулта емисија на стакленички гасови до 2050 година.

Макрон рече дека новите електрани ќе се градат и со нив ќе управува државниот доставувач на електрична енергија EDF и дека во проектот ќе се инвестираат десетици милијарди средства, пренесува Reuters.

- Advertisement -

„Она што и треба на Франција, а услови постојат, е повторно раѓање на националната нуклеарна индустрија“ изјави Макрон, откривајќи нова стратегија за нуклеарна енергија во источниот индустриски град Белфор.

Ветувајќи дека ќе се забрза развојот на соларна енергија и енергијата од ветар на море, Макрон рече и дека сака да го продолжи животниот век на старите нуклеарни електрани во земјата со најголем нуклеарен капацитет на повеќе од 50 години. Додаде и дека тоа ќе важи за одредени реактори, под услов тоа да е безбедно.

- Advertisement -

EDF проценува дека шесте нови реактори ќе чинат околу 50 милијарди евра, во зависност од условите на финансирање. Макрон најаува дека првиот нов реактор треба да биде пуштен во работа до 2035 година, а ќе се прават и студии за осум реактори, односно два повеќе од најавените.

Одлуката на Макрон да го продолжи животниот век на постојните нуклеарни електрани означи пресврт во однос на претходното ветување дека ќе се затворат десетина од 56 реактори на EDF до 2035 година.

- Advertisement -

Нуклеарната безбедност и понатаму ја дели Европа после катастрофата во јапонската префектура Фукушима во 2011 година.

„Одредени земји направија екстремен избор да и свртат грб на нуклеарната енергија. Франција не го направи тој избор“ напомена Макрон.

Од друга страна, еколошки активисти и невладини организации го обивнуваат Макрон за зголемување на зависноста на Франција од нуклеарната енергија.

(RTS)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -