Стигнува копчето „dislike“на Twitter

- Advertisement -

Експерименталната функција која Twitter почна да ја тестира минатата година сега се прикажува кај глобалната публика. Опцијата за „dislike“ првично им беше дадена само на избрана група корисници, но од Twitter велат дека оваа функција наскоро ќе се прошири на корисниците на iOS и Android. За разлика од сајтовите како Reddit, вкупниот број гласови за и против не е јавен, но Twitter ги користи во позадина за да ги прилагоди одговорите кои им ги прикажуваат на корисниците.

Компанијата соопшти дека досегашните резултати од експериментите покажале дека корисниците негативно гласале за одговори кои се сметаат за навредливи или ирелевантни.

- Advertisement -

Овој експеримент откри и дека ‘dislike’ најчесто луѓето го користат како начин да ги означат содржините кои не сакаат да ги видат, велат од Twitter. Се претпоставува дека ова може да го замени исклучувањето на звукот или означувањето на содржините како несакана пошта или како нерелеваннти.

Досегашниот заклучок на Twitter е дека оваа функција на крајот може да стане додаток на сајтот и на апликацијата.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -