5 начини како вештачката интелигенција може да се користи во образованието

- Advertisement -

Освен интернетот, постои уште една технологија што расте со потенцијал масовно да го промени обликот на образовниот сектор – вештачката интелигенција. На кои начини користењето на вештачка интелигенција ќе го подобри образованието?

Статистиката покажува дека во текот на наредните 5 години, употребата на вештачка интелигенција во образованиот систем ширум светот ќе порасне за 50%. 

- Advertisement -

Иако многу образовни експерти веруваат дека присуството на наставниците не може да се замени со оваа технологија, сепак таа целосно ќе го трансформира начинот на којшто се организираат и спроведуваат наставните програми.

Извор – Медиа Бреинстер, веб сајт на Некст Колеџ

- Advertisement -

5 начини како вештачката интелигенција може да го подобри образованието

1. Автоматизација на рутински задачи

Како што вештачката интелигенција се користи за автоматизирање на рачните задачи во различни индустрии, истата примена ќе ја има и во образовниот сектор.

Наставниците наместо да трошат време и енергија за организациски и административни задачи, ќе можат истите да ги автоматизираат, како на пример:

- Advertisement -
  • Oценување тестови;
  • Прегледување на домашната задача;
  • Поднесување на документација;
  • Правење извештај за напредокот на ученикот;
  • Организирање материјали за предавања;
  • Управување и споделување на наставни материјали.

Вештачката интелигенција ќе ги автоматизира овие задачи за наставниците да имаат време и енергија да се фокусираат на пренесување знаење, наместо на административни задачи.

2. Персонализирано учење

Вештачката интелигенција може да го персонализира образовниот систем на следниов начин:

  • Адаптирање на материјали за учење според нивото на знаење на секој ученик;
  • Подготовка на персонализирани текстови за секој ученик;
  • Подготовка на дополнителни ресурси за ученици коишто сакаат подлабоко да навлезат во одредена тема;
  • Помош со приспособени материјали за темите што не се добро совладани.

Ова ќе создаде околина каде што наставниците ќе понудат поддршка и помош само кога им е потребна на учениците.

3. Флексибилно учење

Вештачката интелигенција ќе ги направи онлајн предавањата достапни за ученици со оштетен слух или вид. 

Дури и учениците што зборуваат поразличен јазик од наставникот, ќе имаат можност да го следат часот со превод во реално време.

4. Ажурирана содржина за учење

Со воведување на вештачката интелигенција, наставните програми нема веќе да имаат фиксна содржина во текот на целата академска година.

Содржината за учење ќе може редовно да се ажурира со помош на вештачката интелигенција. На овој начин, наставниците ќе бидат сигурни дека сите информации што ќе ги споделат со учениците се актуелни и проверени.

5. 24/7 помош за учење

Досега, учениците добиваа одговор на своите прашања при следната средба со наставникот. Но, оваа практика нема да трае уште долго. 

Со помош на ботови со вештачка интелигенција, учениците ќе можат да добијат помош за совладување на било која тема во секое време од денот.

Овие ботови ќе работат како асистенти за учениците инстантно да добијат одговор на нивните прашања.

За да дознаете повеќе за придобивките од вештачката интелигенција врз образованието – https://trainingmag.com/top-7-ways-artificial-intelligence-is-used-in-education/

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -