Хартиените кеси можеби изгледаат како добра алтернатива за пластичните кога пакувате овошје или зеленчук во продавниците. Лесно се рециклираат, може да се направат од рециклирана хартија и се биоразградливи. Но, експерти сега велат дека нивното влијание врз околината е дури и полошо од тоа на пластичните кеси.
Прво, потребни се повеќе материјали за производство на издржливи хартиени кеси. Тоа вклучува и долга и хемиска обработка на влакна. Освен тоа, производството на целулоза, која помага билките да останат крути и исправени, троши многу енергија и вода.
Поради тоа вообичаените кеси за еднократна употреба направени од свежи хартиени влакна би морале да се користат најмалку треипати почесто од најлонските кеси на база на нафта за да се урамнотежат климатските ефекти, велат експертите за животна средина. За жал, хартиените чеси секогаш се направени од т.н. девствена пулпа, односно хартија без рециклирани содржини, а самонекои од нив се направени од рециклирана хартија.
Друг фактор кој ја одредува одржливоста е дали хартиената кеса навистина е направена само од хартија. Експертите велат дека многу проиизводители уште користат амбалажа која има залепена алуминиумска или пластична фолија од внатрешната страна за да се спречи кинење на хартијата кога ќе дојде во допир со влага. Такавата обработена хартија претставува проблем затоа што тешко може да се рециклира. Германското Министерство за животна средина ги оценува хартиените кеси како не баш подобри од пластилчните.
Сепак, многу е веројатно дека хартиените ќеси ќе се рециклираат и нема да завршат по дрвјата или на улиците како пластичните кеси, а и да завршат таму, хартиените влакна брзо се распаѓаат.
Се на се, ако сакате да користите хартиени кеси, внимавајте да се користат неколку пати, советуваат од Министерството.
(N1)
(фото: Pixabay)