Минатата година данската компанија Re-Wind Network го привлече вниманието на јавноста со рециклирањето пропелери од ветерници и нивно користење за изградба на паркинзи за велосипеди, а сега истите добија нова намена во Ирска.
Ветерниците во Ирска се најголем извор на обновлива енергија, а во 2020 година обезбедиле повеќе од 86% од обновливата електрична енергија и задоволиле 36% од вкупните потреби за енергија на земјата.
Меѓутоа, бидејќи станува збор за материјал кој не е добро биоразградлив, а ветерниците имаат животен век од 20 до 25 години, Ирците им најдоа нова примена на пропелерите и од нив почнаа да градат мостови.
Владината организација Re-Wind Networк стои зад изградбата на мостовите од пропелери, а еден од тие мостои успешно беше направен во Каунти Корк во Ирска на 26 јануари годинава. Всушност, станува збор за вториот мост направен од тие материјали, додека првиот се наоѓа во Полска, каде што беше направен во октомври минатата година.
Оваа метода на искористување на пропелерите е добредојдена затоа што решава проблем кој со тек на време се влошува. Кога ветерниците ќе дојдат од крајот на својот животен век, нивните неразградливи пропелери се фрлаат по ливадите и полињата. Затоа алтернативните решенија се и повеќе од потребни за пропелерите да продолжат да се користат за други намени се додека ги задоволуваат стандардите.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)