Берлин направи „хотел“ за пчели

- Advertisement -

Во 2010 година биологот Корина Хелцер и нејзиниот сопруг Уве Март ја стартуваа иницијативата „Berlin is buzzing!”. За да и помогнат на опаѓачката популација на пчели тие почнаа да градат кошници за пчели на зградите во Берлин, на туристички места и знаменистости како што се театри, планетариуми, Министерството за финансии итн. Поставена е кошница за пчели дури и на германската резиденција на претседателот, пишува GreenMatters.

Тие сакаат да им помогнат на пчелите, но исто така сакаат да свртат внимание на проблемот и на позитивните ефекти кои ги прават пчелите другите инсекти опрашувачи. Засега имаат направено кошници на 15 згради, во кои живеат околу 30.000 пчели.

- Advertisement -

Брачниот пар биле инспирирани од аматер одгледувач на пчели во Париз, кој се грижел за колонија пчели на покривот на операта во 80-тите години. Берлин исто така го прославува Светскиот ден на пчелите. Прославувањето на овој ден почна во Словенија, но наскоро стана популарен.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека со прославувањето на денот луѓето треба да помислат на биодиверзитетот околу нас и да направат нешто добро за пчелите. Исто така, додаде дека пчелите се совршен пример за тоа како нешто толку мало може да врши толку голема функција.

- Advertisement -

Има многу причини за падот на бројот на пчели во светот како што се употребата на инсектициди, паразити, болести, климатските промени и недостигот од храна. Ние луѓето зависиме од пчелите за да се снабдуваме со храна и ќе се соочиме со големи проблеми доколку уште повеќе се намали нивниот број.

Сподели!
- Advertisement -