Објавени новите цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56 % во однос на Одлуката од 14.2.2022 година.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 0,508%, кај дизелот за 0,092% , кај екстра лесното масло има намалување за 0,337% и кај мазутот зголемување за 0,389% .

- Advertisement -

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.02.2022 година.

Малопродажната цена наМазутот М-1 НС се зголемува за 0,430 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.

- Advertisement -

Од 22.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                              82,50              (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС – 98                             84,50 (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                        74,00              (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               73,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                        46,921           (денари/килограм)

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,657%  .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.2.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 14.2.2022) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk.

21.2.2022

Сподели!
- Advertisement -