Најголемиот брод крстосувач во светот се подготвува за првото патување

- Advertisement -

После три години изградба на најголемиот брод крстосувач во светот, тој конечно ќе заплови со патници на крстосување. На компанијата Royal Caribbean минатиот месец и беше доставен импресивниот крстосувач Wonder of the Seas, долг 362 метри, а сега е спремен да тргне на своето прво патување, кое е закажано за 4 март. Бродот ќе исплови од Форт Лодердејл на Флорида кон Карибите.

Станува збор за крстосувач со 18 палуби, кој е нашравен во бродоградилиштето Шантие Д’Атлантик во Сан Назер во Франција, а неговиот капацитет изнесува 6.988 гости и 2.300 членови на екипажот.

- Advertisement -

Крстосувачот ќе се користи за петдневни и седумдневни крстосувања од Форт Лодердејл на Флорида до Карибите во март, а потоа почнуваат крстосувања по Медитеранот од Барселона и Рим во мај.

Wonder of the Seas е составен од осум „делови“, а секој од нив содржи повеќе од 20.000 вистински билки. На крстосувачот, меѓу другото, се наоѓа и најголемиот тобоган на море, како и огромен екран покрај базенот.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -