Во Менса примен тинејџер со интелигенција како Ајнштајн

- Advertisement -

Дванаесетгодишно момче со коефициент на интелигенција како Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг бил примен во Менса. Сајрус Леунг од Шефилд официјално е примен во ексклузивното друштво со оценка 160, што е за 2 помалку од највисокиот можен резултат 162.ц

Таткото на Сајрус го ставил на овој тест затоа што мислел дека тоа на неговот син ќе даде шанса да си најде пријатели кои имаат слични интереси како него. Тој вели дека неговиот паметен син ја знаел таблицата за множење кога имал три години. Момчето сега е седмо одделение и сака да стане математичар или научник кога ќе порасне.

- Advertisement -

Англискиот не му е мајчин јазик на Сајрсу затоа што неговото семејство емигрирало од Хонгконг во Шефилд во 2019 година. Татко му работи како ИТ менаџер и објаснува дека прочитален некаде на интернет за други деца кои се приклучиле на Менса, па мислел дека би било добро за развојот на Сајрус.

Омилен предмет на Сајрус на училиште е математика и решавал задачи кога имал само три години. Менса е неѓународна организација за поединци со висок коефициент на интелигенција, која е основана во 1946 година. Во неа можат да се зачленат само луѓе кои ќе ги поминат сите тестови и ќе остварат одредени резултати.

- Advertisement -

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -