Илон Маск го активираше вселенскиот интернет Starlink над Украина

- Advertisement -


Илон Маск објави на Twitter дека неговата групација SpaceX ја активираше интернет услугата Starlink во Украина и дека неговата компанија испраќа опрема во земјата.

„Услугата Starlink сега е во функција. Другите терминали се на пат“ објави во порака на Twitter сопственикот на Teslа и вселенската агенција SpaceX.

- Advertisement -

Десет часа заменик-премиерот на Украина ги повика милијардерот на социјалните мрежи да испрати Starlink станици во Украина.

„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс, Русија се обидува да ја окупира Украина. Додека вашите ракети успешно слетуваат од вселената, руските ракети напаѓаат украински цивили. Ве повикуваме да ни испратите во Украина станици за Starlink“ напишаа во саботата наутро од украинскиот дигитален сектор.

- Advertisement -

Воедно, го повика Илон Маск да го поттикне здравиот дух кај Русите и тие да се спротивстават на својата влада. SpaceX во петокот ја лансираше втората пратка со педестина сателити на Starlink кои треба да обезбедат интернет конекција со клиенти од целиот свет.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -