Ефектот од санкциите наметнати за Русија веднаш ги почувствуваа руските милијардери, кои заедно изгубија вкупно 39 милијарди долари за само еден ден, пишува Bloomberg.
Минатата недела Русија ја нападна украинската територија и тоа наиде на критики од сите страни на светот. Западните сили наметнаа низа финансики санкции за Русија, меѓу кои последната е исклучување на руските банки од интернационалниот систем за плаќање SWIFT.
Сепак, дури и пред да стапи на сила таа снакција руските пазари забележаа исторски лош пад на националниот индекс MOEX од 33%, се вели во извештајот на Bloomberg. Берзата падна за над 50 милијарди долари за само еден ден и тоа е најлошкиот пад забележан од Црниот понеделник во 1987 година.
Најголемиот удар го почувствуваа руските милијардери, кои заедно за еден ден изгубија речиси 40 милијарди долари. Вагит Алекперов, претседателот на Lukoil, претрпе најголема загуба – неговото богатство се намали за 6,2 милијарди долари како последица на падот на цената на акциите на компанијата за 33%.
Најбогатиот човек во Русија, Владимир Потанин, загуби 3 милијарди долари; престедателот на компанијата за челик Severstal, Алексеј Мордашов, изгуби 4,2 милијарди долари; сопственикот на компанијата за челик Novolipetesk изгуби 3,9 милијарди долари, додека Леонид Микелсон, основачот, претседател и најголем акционер во компанијата за гас Novatek изгуби 3,8 милијарди долари. Генади Тимченко од инвестициската групација Volga изгуби 3,7 милијарди долари. Сулејман Керимов, руски политичар и бизнисмен, чие најголемо богатство доаѓа од акциите во компанијата за производство на злато Polyus, исто така изгуби околу 3 милијарди долари.
Сите тие се надеваат дека преговорите меѓу двете земји ќе имаат позитивен исход, а во спротивно понатамошните санкции може да ги погодат уште потешко и да изгубат уште многу повеќе пари.
(Interesting Engineering)
(фото: Piqsels)