Банките во Холандија ги отстрануваат своите банкомати

- Advertisement -

Во Холандија во текот на последната година биле отстранети 879 банкомати од кои граѓаните ваделе пари. Остануваат само 4.916 банкомати, покажуваат податоците на Хоналдската национална банка.

Поради страв од ограбување на банкоматите, банките ги исклучуваат или ги демонтираат и сега има за една третина помалку отколку што имало пред 2,5 години. Времето на работа на банкоматите исто така е ограничено и најголем дел од нив се исклучени во периодот од 23 часот и 6 часот наутро.

- Advertisement -

Оваа привремена мерка која има за цел да ги обесхрабри крадците сега е правило. Само банкоматите во близина на ноќните локали работат до 2 часот наутро.

„Во комбинација со други мерки на претпазливост, оваа мерка е средство на одвраќање“ вели директорката на комапнијата Geldmat, која минатата година го презела управувањето со банкоматите.

- Advertisement -

Во Холандија секој граѓанин треба да има пристап до банкомат на најмногу 5 км од домот. Околу 23% од сите трансакции во Холандија се вршат со кеш.Во земјат е тешко да се најде локација за поставување на банкомат затоа што сопствениците на зградите се загрижени поради потенцијалната штета која ја нанесуваат крадците обидувајќи се да ги ограбат банкоматите.

Наместо улични банкомати, Geldmat експериментира со воведување посебни мали локали без песронал, но со камери и друга безбедноста опрема. Се очекува дека 15 такви локали ќе бидат отворено во текот на оваа година.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -