САД почнаа истрага за влијанието на TikТok врз тинејџерите

- Advertisement -

Колку социјалните мрежи може да бидат опасни за младите и тинејџерите покажаа резултатите од истражувањето на Facebook, а кои протекоа во јавност минатата година. Тие податоци се однесуваа на Instagram и покажаа дека поради активноста на таа социјална мрежа младите влегуваат во големи проблеми – од депресија и стекнување негативна слика за себе и за своето тело, се до размислување за самоубиство.

Државните обвинители на американските држави сега стартуваа истрага против една од најпопуларните социјални мрежи сега – TikTok, а целта е да дознаат какво влијание има социјалната мрежа на физичкото и менталното здравје на млади и дали апликацијата крши некои закони за заштита на потрошувачите.

- Advertisement -

Освен проблемите кои може да ги предизвика користењето на TikTok кај младите, истражата има за цел да дознае дали од компанијата биле свесни за тие проблеми, при што истражувањето посебно ќе се однесува на техниките кои TikTok ги користи за зголемување на досегот и ангажманот на корисниците и покачување на времето кое корисниците го поминуваат прегледувајќи содржини на мрежата.

Од TikTok велат дека се длабоко загрижени за здравјето на своите корисници и ја ценат загриженоста на обвинителите за безбедноста на младите и тинејџерите кои објавуваат содржини на нивната мрежа. Велат дека со задоволство ќе ги остапат информациите за безбедноста и приватноста кои ги имплементирале за тинејџерите.

- Advertisement -

Истата група обвинители покрена слична истрага и против Facebook, односно Metа. Дека климата во САД се менува кон поголема заштита на најмладите од опасностите на интернетот и социјалните мрежи покажува и неодамнешниот говор за состојбата на нацијата на претседателот Бајден, каде што спомена и забрана на таргетираното огласување кон младите на социјалните мрежи.

(ABC)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -