Се поголем број компании се повлекуваат од Русија!

- Advertisement -

Листата на светски компании кои се повлекуваат од Русија е се подолга

Светски познатата марка на облека „Зара“ од утре ќе ги затвори сите свои 502 продавници во Русија, соопшти нејзиниот сопственик компанијата „Индитекс“.

Глобалниот моден бизнис ќе ги затвори сите продавници на своите осум брендови: „Зара“, Пул енд Беар“, „Масимо Дути“, „Бершка“, „Страдивариус“, „Ојшо“, „Зара Хоум“…

- Advertisement -

Од „Индитекс“ за Би-би-си изјавија дека подготвува план за поддршка на своите 9 000 вработени со седиште во Русија, додека услугите се „привремено“ суспендирани.

Во меѓувреме, „Самсунг“, водечки снабдувач на паметни телефони во Русија, пред „Шаоми“ и „Епл“ – ќе ги прекине испораките во земјата „поради актуелните геополитички случувања“.

- Advertisement -

Не е јасно дали продавниците на „Самсунг“ ќе се затворат.

И компанијата за онлајн плаќања Пејпал, исто така, ги прекина услугите во Русија, осудувајќи ја „насилната воена агресија“ на земјата. Се вели дека прекинот е „на одреден временски период“.

Сподели!
- Advertisement -