Штетата од војната во Украина веќе достигна 100 милијарди долари

- Advertisement -


Штетата предизвикана од војната на територијата на Украина се проценува на 100 милијарди долари според прелиминарните проценки, изјави советникот на украинскиот претседател, Олег Уштенко.

„Превите прелиминарни проценки покажвуваат дека вредноста на имот кој го изгубивме и кој е уништен изнесува околу 100 милијарди долари“ изјави Уштенко.

- Advertisement -

Уштенко оцени дека украинскиот финансиски систем фунцкионира прилично добро со оглед на моменталните околности, наведувајќи дека курсот е повеќе или помалку стабилен.

Советникот на Владимир Зеленски изјави дека Украина поминува низ вистинска катастрофа и дека ситуацијата е посериозна отколку што кој било можел да замисли.

- Advertisement -

(Beta)

(фото:Flickr)

Сподели!
- Advertisement -