ВИДЕО: Водата кај Тајланд позелени и го убива морскиот свет

- Advertisement -

Во источната тајландска провинција Чонбури морската вода во заливот стана сосема зелена. Меѓутоа, кога подобро ќе погледнете, водата е густа, лигава у мириса на трева и мртва риба. Имено, во тек е цветањето на планктоните, пренесува Reuters.

Иако морските животни, рибите и китовите, јадат планктони, тие може да се покажат и токсични во големи количини. Кога ќе дојде до цветање, во океанот има помалку кислород, што создава големи проблеми во природниот синџир на исхрана, како и во рибарството.

- Advertisement -

„Ова е прв пат да видам толку планктони откако сум роден, што значи дека годинава ситуацијата е многу тешка“ вели поморскиот научник Тануспонг Покаванич.

Моментално погодената област, за која Тануспонг и неговиот тим проценуваат дека е околу 1/4 од тајландскиот Горен Залив, половина изгледа целосно зелено, додека другата половина поблиска до брегот стана кафеава. А тоа е од загадувањето и мртвите планктони, вели научникот.

- Advertisement -

Планктоните во водата или ќе ги потрошат сите хранливи материи и ќе наопредуваат или ќе умрат поради недостиг на светлина. Нивните лешеви потоа ќе потонат на морското дно и ќе се распаднат, вели Тануспонг. Процесот на пропаѓање предисвикува ниски услови на кислород во водата и тоа исто така влијае на морскиот живот.

Долж брегот се наоѓаат над 260 парцели за одгледување на школки, од кои над 80% веќе се погодени од цветањето на планктоните. Податоците од Министерството за рибарство во 2021 година покажуваат дека Чонбури може да произведе 2.086 тони школки годишно, чија вредност е околу 1 милион долари.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -