Subnado е намалиот подводен скутер во светот

- Advertisement -

Неколку компании произведуваат подводни скутери, па за некој скутер да се издвои од другите мора да биде навистина посебен. Subnado е токму таков производ – тоа е најмалиот и најлесниот подводен скутер во светот.

Наскоро на Kickstarter ќе почне кампања за Subnado, кој го произведува Waydoo. Таа кинеска компанија моментално најдобро е позната по друг производ – електрична даска за сурфање.

- Advertisement -

Subnado е составен од алуминиумско тело долго 380 мм, широко 60 мм, а на делот со пропелерот се проширува до 70 мм. Тежината му е околу 1,4 кг. Има електричен мотор од 100W, кој овозможува патник од 65 кг да се движи со максимална брзина од 1,4 метри во секунда. Со едно полнење на литиум-јонската батерија скутерот ќе може да се вози до 56 минути. Батеријата може да се користи за полнење на други уреди како смартфони.

Subnado се става на подлактицата на корисникот и се контролира со далечинско кое се носи на показалецот и се контролира со плецот. Ако купувачите нарачаат два скутери Subnado, можат да стават по еден на секоја рака и да достигнат максимална брзина од 2 м/с.

- Advertisement -

Кампањата на Kickstarter треба да започне наредните недели со почетна цена од 299 долари.

Погледнете го видеото во прилог за да видите како изгледа Subnado на дело.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -