AstraZeneca доби зелено светло за својот лек за превенција на КОВИД-19

- Advertisement -

Лекот „евусхелд“ на компанијата AstraZeneca, кој е комбинација од антитела со долго делување, доби одобрение за ставање во продажба во ЕУ за превенција на болеста КОВИД-19 кај пошироката популација на возрасни и адолесценти навозраст од над 12 години, односно со телесна маса од над 40 кг.

Како што велат од AstraZenecа, одобрението на Европската комисија се базира на резултатите од испитувањата во рамките на програмата за клинички развој на „eвусхелд“. Податоците покажале намален ризик од развој на симптоматски КОВИД-19 за 77% во споредба со плацебо вл примарната анализа и намалување од 83% при шестмесечната средна анализа, со заштита од вирусот во траење од најмалку шест месеци.

- Advertisement -

„Евусхелд“ е веќе одобрен за итна употреба за профилакса на КОВИД-19 во САД, а Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи во Велика Британија му даде условно одобрение за ставање во промет. Дополнително, во повеќе земји ширум Европа се воспоставени договори со кои се овозможува достапност на „евусхелд“.

Препорачаната доза на „евусхелд“ во Европа е 150 mg тиксагевимаб и 150 mg цилгавимаб, кои се применуваат како две посебни последователни интрамускуларни инјекции.

- Advertisement -

Како што истакнуваат, „евусхелд“ покажал добар потенцијал за заштита од сите досега познати подваријанти на вирусот САРс-КоВ-2.

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -