Oперативниот план за 2022 тежок 30 милиони евра ќе опфати 15.000 невработени лица

- Advertisement -

Околу 15 000 невработени лица ќе добијат можност да се вклучат на пазарот на трудот преку активните програми и мерки за вработување предвидени со Оперативниот план за 2022 година кој денес беше промовиран од страна на директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, министерката за труд и социjaлна политика Јована Тренчевска и постојаниот преставник на УНДП во РСМ Аремен Григорјан.

Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати потенцираше дека активните мерки и програми кои ќе се имплементираат во 2022 година се издржани и докажани активности за унапредување на состојбата на пазарот на трудот кои успешно се имлементираат во развиените земји во Европа.

- Advertisement -

„Најбараната програма од страна на невработените лица Самовработување и оваа година е дел од Оперативниот план и поради големиот интерес за неа, оваа година е обезбеден највисок опфат до сега, односно е предвидена финансиска поддшка за отворање на сопствен бизнис за 2000 лица. Финансиската поддршка за едно лице да отвори сопствен бизнис изнесува 307.500 денари или до 615.000 денари доколку се основа правен субјект од два содружника.“- рече Мурати.
Во овој Оперативен план се содржани и мерки кои овозможуваат поддршка за креирање нови работни места кои ќе влијаат врз поттикнување на вработувањето на невработените лица во микро, мали и средни претпријатија, како што се мерките Субвенционирање на плати и Вработување и раст на правни субјекти преку кои се планира да бидат директно вработени 1790 лица. Притоа, главен фокус е да се овозможи поддршка за вработување на лицата кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, корисниците на гарантирана минимална помош и младите лица до 29 години. Преку Посебниот фонд пак е предвидена поддршка за директно вработување на 350 лица со попреченост. Дел од Оперативниот план за 2022 година се и обуките кои имаат за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд.

„Преку Обуките за стручни квалификации според барање на работодавачите и Стручните обуки според барање на работодавачите 350 невработените лица ќе имаат можност да се стекнат со квалификации кои се барани на пазарот на трудот, додека преку Обуките за побарувани занимања 500 невработени лица ќе се стекнат со вештини кои ќе ги направат поконкуренти и ќе ја зголемат можноста за нивно вработување. Во овој Оперативен план се содржани и Обуките за развој на дигитални вештини кои се креириани со цел да се надградат вештините на невработените лица во областа на информациските технологии заради зголемување на нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот, при што ќе бидат опфатени 424 млади лица до 34 години.“- потенцираше Мурати.

- Advertisement -

Директорот на АВРСМ Мурати најави дека првите јавни огласи за програмата Самовработување, Вработување и раст на правни субјекти и Практиканство ќе бидат објавени на 5 Април, а останатите ќе се објавуваат етапно по однапред дефиниран распоред и план. Тој ги повика сите невработени лица и работодавачи преку 30 те Центри за вработување, веб-страната на АВРСМ и социјалните мрежи на институцијата навремено да се информираат и да аплицираат за програмите и мерките од нивен интерес.

Сподели!
- Advertisement -