ФИТР најавува два нови повика до крајот на годината

- Advertisement -

Фондот за иновации и технолошки развој отвора нови можности и скратени процедури за македонските компании со измените на Среднорочната програма кои беа усвоени од Владата. Со овие промени, до крајот на годината предвидени се два нови повици – едниот наменет за технолошки развој и вториот за поддршка на стартап компании.

Со ребаланост на буџетот обезбедени се и зголемен обем на средства, односно околу 6 милиони евра за технолошки развој и дополнителни 1,5 милиони за стартап компании. Дополнително, заради рекордниот интерес на компаниите за повикот за комерцијализација на иновации (487 аплицирани инвестициски проекти), со измените во програмата се предвидува проширување на буџетот на повикот.

- Advertisement -

Со проширениот буџет, што сега изнесува 12,5 милиони евра, се очекува, само за овој повик, да се обезбеди ко-финансирање на проекти на 70 – 75 домашни компании. Вкупно, со овој и новите повици што ќе се реализираат до крајот на 2019 година се очекува околу 200 македонски компании да искористат финансиска поддршка преку третиот столб од Планот за економски раст на Владата, што го реализира Фондот.

Со програмата и новиот повик за технолошки развој, предвидено е воведување и на т.н. скратена процедура за аплицирање, што ќе важи за оние компании кои претходно аплицирале на повиците на Фондот и поминале две од предвидените три фази на проверка и евалуација. Целта е намалување на трошоците за компаниите, но и на Фондот и значително намалување на времето од аплицирање до одлука на Комитетот за одобрување на инвестиции.

- Advertisement -

Во моментов Фондот има над 240 компании корисници, со вкупно ниво на инвестиции од околу 40 милиони евра во домашниот приватен сектор, од кои над 17 милиони евра се сопствени средства на компаниите. Според првичните анализи на Фондот, направени на група од 52 компании корисници на средства, се бележи раст на просечните приходи на годишно ниво од 50%, раст на бројот на вработените за 27% и раст на платите за околу 40% во просек, во однос на периодот пред започнување со инвестицискиот проект.

Со измените во Среднорочната програма за работа предвидени се повеќе активности во делот на истражување и развој (воведување на нови инструменти за поддршка), продолжување со реализација на проектот за изградба на Научно – технолошки парк во Скопје, како и заокружување на концептот на Фонд за млади умови.Во голем дел од предвидените активности Фондот има меѓународни финансиски партнери, како Светската Банка, ЕУ Делегацијата, Велика Британија, Швајрација, САД и други.ReplyReply AllForwardEdit as new

Сподели!
- Advertisement -