СЗО: 99% од луѓето во светот дишат нечист воздух

- Advertisement -

Светската здравствена организација соопшти дека 99% од светската популација дише воздух кој не ги исполнува стандардите за квалитет. Од СЗО повикаа на намалување на намалување на употребата на фосилни горива кои при согорувањето испуштаат загадувачки материи кои предизвикуваат респираторни и кардиоваскулатни болести поради кои милиони луѓе годишно умираат предвремено.

Според податоците на ажурираната листа со мерни станици (кои СЗО сега ги има над 6.000), 99% од светската популација дише воздух чиј квалитет е под пропишаните граници и во многу случаи е полн со честички кои можат да навлезат длабоко во белите дробови, да продрат во вените и артериите и да предизвикаат болести.

- Advertisement -

Квалитетот на воздухот е најлош во источниот дел на Средоземјето и во југоисточна Азија, а потоа во Африка, се вели во соопштението. Во базата со податоци по прв пат покрај PM 2,5 и PM 10 честичките е вклучено и мерењето на азот диоксидот.

Азот диоксидот главно настанува со согорување на горивата кои ги користат луѓето, најчесто од автомобилите и најчесто во урбаните средини. Изложувањето на тој гас може да доведе до респираторни болести како астма и симптоми како што се кашлање и отежнато дишење. Најголеми концентрации на тој гас се пронајдени на истокот на Средоземјето.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -