Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес

- Advertisement -


По испораките во Египет, Франција, САД, Англија и Јужна Кореја, „Грин Машинс“ од Велес продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот во Турција.

Овој пат и најголемиот град во Турција, Истанбул, грижата за одржувањето на хигиената на своите улици и плоштади им ја довери на возилата „Грин Машинс“ од Велес .

- Advertisement -

И градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изрази задоволство заради збогатувањето на возниот парк со новите електрични GM500ze, нагласувајќи дека со овие возила на граѓаните им е обезбедена почиста животна околина, позелена и одржлива иднина на Истанбул и неговите 16 милиони жители.

GM500ze е целосно електрично возило со извонреден ергономски дизајн и еден од најпопуларните чистачи во светот со нула штетни емисии.

- Advertisement -

GM500ze е дел од богатата и разновидна програма од брендот „Грин Машинс“ што ќе биде презентиран и на претстојниот водечки саем во Минхен од областа на еколошките технологии од 30 мај до 3 јуни. „Грин Машинс“ е во листата на излагачи кои на својот штанд ќе ги презентира последните револуционерни решенија имплементирани во единствените „Грин Машинс“ возила и машините за чистење надворешни површини, со специфични и различни намени.

Инженерскиот тим од одделот Развој на „Грин Машинс“ продолжува да работи на нови прототипни возила со имплементирање на нови решенија создавајќи единствени перформанси на овие технолошки најсовремени возила.

Сподели!
- Advertisement -