Лансирана првата приватна комерцијална вселенска мисија

- Advertisement -

Вселенската компанија Axiom Space вчера со Crew Dragon леталото на Space X ја лансираше првата приватна комерцијална мисија AX-1. Во мисијата се наоѓа командантот и инвеститор Лери Конор, инвеститорот и филантроп Ејтан Стиби и претприемачот, инвеститор и силнатроп Марк Пети. Тие тројца за десетдневната посета на Меѓународната вселенска станица платија 55 милиони долари.

Ова е првата вистинска комерцијална вселенска мисија затоа што многу се разликува од летовите на Blue Origin и Virgin Galactic, кои своите вселенски туристи ги однесоа само до границата на вселената и потоа веднаш ги вратија на Земјата.

- Advertisement -

Оваа мисија е понапредна и во однос на мисијата Inspiration 4 на Space X затоа што таа цивилниот екипаж го донесе само до орбитата на Земјата, каде што поминаа три дена, додека AX-1 на богатите вселеснски туристи ќе им овозможи да се забавуваат на Меѓународната вселенска станица.

Сите членови на екипажот поминале обука за астронаути, после што од НАСА добиле дозвола за летање во вселената и посета на Меѓународната вселенска станица, каде што ќе учествуваат во научни експерименти.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -