Ракетата на Илон Маск приземјена на подолг период затоа што е премногу моќна

- Advertisement -

Ракетата Starship на Илон Маск е премногу моќна за свое добро, процени американската Сојузна управа за воздухопловство и ја приземји на подолг период.

Енормната потисна сила при лансирањето исфрли многу отпад во воздух, а дел од тие парчиња стигнаа во град оддалечен осум километри од местото на лансирање . На самото место на лансирната рампа остана огромен кратер.

- Advertisement -

Мега ракетата Starship, која е висока колку еден облакодер од 40 ката, полета кон земјината орбита на 20 април. Главниот погонски дел на ракетата, бустерот Super Heavy, кој има триесетина мотори големи колку камион, при полетувањето разнесе се со сила од неверојатни 6,8 милиони кг. Освен што се покажа како најмоќен ракетен систем во светот, тоа е и голем проблем на Starship.

Како што виде целиот свет од преносот во живо, ракетата полета, но експлодираше во воздух. Како последица на сето тоа управата ј донесе одлуката за приземјување. Станува збор за стандардна процедура додека не се заврши процедурата што тие ја нарекуваат истрага на несреќата.

- Advertisement -

Маск преку Twitter изрази желба за повторно лансирање на Starship во рок од два месеци.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -