Научници подмладија клетки на кожата на жена за 30 години

- Advertisement -

Научници успеаја да подмладат клетки на кожата на 53-годишна жена и да ги направат да изгледаат како кај 23-годишна девојка. Покрај овој голем успех, научнциите од Универзитетот Кембриџ веруваат дека можат да го направат истото со другите ткива во организмот. Евентуалната крајна цел е да развијат третмани за болести поврзани со стареењето како што се дијабетес, болести на срцето и невролошки пореметувања.

Технологијата е базирана на техниките користени за клонирање на овцата Доли пред повеќе од 25 години. Лидерот на тимот, професорот Волк Реик од Институтот Брабхам во Кембриџ, изјави дека се надева оти техниката ќе може да се користи за да им се помогне на луѓето да живеаат поздраво додека стареат/

- Advertisement -

„Сонувавме за нешто вакво. Многу вообичаени болести се влошуваат со годините, а да им се помогне на луѓето на ваков начин е многу возбудливо“ изјави Реик.

Професорот истакна дека истражувањето моментално е во рана фаза од развојот и дека постојат неколку научни проблеми кои треба да ги надминат пред да се премине на клинички испитувања. Но, додаде дека успехот во подмладувањето на клетките е голем чекор напред.

- Advertisement -

Техниката која ја користеле потекнува од минатиот век кога научници од Институтот Рослин во Единбург ја развија методата за преворање на млечните жлезди во ембрион, а тоа резултирало со создавање на овцата Доли. Меѓутоа, целта не била клонирање на овци ниту луѓе, туку користење на техниката за создавање на т.н. човечки ембрионални матични клетки. Тие се надевале дека тие клетки може да прераснат во специфични ткива како мускулите и нервните клетки за да се заменат истрошените делови од човечкото тело.

Техниката Доли во 2006 година ја поедностави професорот Шинија Јаманака на Универзитетот Кјото. Новата метода наречена IPS подразбира додавање хемикалии во клетки огледувани во период од 50 дена,а тоа резултирало со генетски промени ои возрасните клетки ги превориле во матични клетки.

- Advertisement -

Професорот Реик тврди дека некоја од можните примени на оваа техника е и развој на лекови за подмладување на кожата кај стари луѓе и тоа на делови од телото каде што има исеченици или изгореници.

Наредниот чекор е да се испита дали технологијата ќе делува на други ткива како мускулите, црниот дроб и крвните клетки.

(Klix.ba)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -