Без квалитетен софтвер нема ефикасно менаџирање на човечките ресурси во компанијата!

- Advertisement -

WIDNET Solutions е софтверска компанија основана пред три години и деновиве го слави својот роденден. Формирана од тројца „искусни” ентузијасти кои решија да се фокусираат на проблемите кои најмногу гo мачат секторот за менаџмент со човечки ресурси. Примарна дејност на оваа 100% домашна компанија е компјутерско програмирање на web продукти. Повод за ова интервју со Дарко Мицкоски, главниот извршен директор на компанијата е уникатното софтверско решение за ефикасно менаџирање со човечките ресурси, тема која станува се поактуелна во корпоративниот свет.

Новинар – Верица Јорданова

- Advertisement -

WIDNET Solutions има софтвер за управување со човечки ресурси за кој во последно време доста се зборува. Објаснете ни за што точно станува збор?

Нашиот софтверско решение со назив WIDNET HR Portal e сублимат од повеќе модули кои се однесуваат на различни сегменти во менаџирањето, мотивирањето и унапредувањето на вработените во една компанија. Со примена на соодветни метрики се добива точна слика, како за продуктивноста така и за однесувањето на вработените. Гледано како една целина, се работи за CORE HR решение кое може да се користи и парцијално во зависност од тоа што поточно клиентот сака да унапреди од оваа област во својата компанија.

- Advertisement -

Нашиот прв продукт е web апликација која на дневно ниво прикажува резултати за многу активности важни за менаџментот, за секој вработен и особено за секторот за човечки ресурси. На пример: овозможува лесно организирање на целиот процес на регрутирање, следење на мотивираноста и наградување на вработените, ја евидентира редовноста и ангажирањето, поттикнува учење нови знаења и вештини, собира разни информации и статистики кои компанијата ги користи за анализи и носење поправилни одлуки за остварувања на компаниските цели.

Може ли да ни објасните како софтверот на Widnet помага во надминување на проблемите поврзани со човечките ресурси? Како истиот функционира?

- Advertisement -

Ние се водиме од принципот преку среќни вработени до уште посреќни клиенти”. Инаку идеите најчесто ни произлегуваат од проблемите со кои се соочуваат нашите клиенти. Има многу примери кои може да се споменат, па еве неколку од нив:

  • Зошто за секој обичен документ мора да се обраќаме лично до секторот за човечки ресурси? Замислете една компанија со преку 1.000 вработени колку непотребно време троши само во администрирање на индивидуални барања од вработени? Сето тоа ние го решаваме софтверски.
  • Или пак, зошто би пресметувале рачно кој вработен колку треба да добие бонус кога самиот софтвер автоматски може да го пресмета тоа!?
  • Зошто рачно би креирале распореди за работа во смени кога со мал внес на податоци би добиле решение кое го прави сменското работење прегледно и би ги задоволило сите вработени!?

Најважно е да се потенцира дека доколку не би се губело време на толку административни работи, вработените од секторот за човечки ресурси би можеле повеќе да се посветат на индивидуален и тимски развој и следење на вработените, а менаџерите во секое време „на дланка“ би ги имале сите параметри кои им се потребни. Исто така и самите вработени во секое време ќе имаат информација за сопствениот кариерен пат.

Кoи се ваши сегашни а кои потенцијални клиенти? Очекувате ли интерес кај домашните компании?

Нашите клиенти всушност доаѓаат од различни индустрии како што се текстилната, градежната, прехрамбената индустрија, но нашиот продукт најмногу им е потребен на оние кои работат во смени и имаат филијали на повеќе различни локации. Со нашиот софтвер тие се поврзани на многу начини и се уште повеќе зближени меѓусебе. Она што може да се издвои во овој дел е дека со самиот софтвер всушност се доближува компаниската култура поблиску до секој вработен!

Со оглед на тоа дека неодамна започнавте со оваа активност, какви се првичните реакции на домашните компании? Прифатливи ли се за нив вакви иновативни решенија?

За волја на вистината, домашните компании почнуваат да покажуваат сè поголем интерес иако не е тој на она ниво кое што е присутно во поразвиените земји. На пример, таму веќе се зголемува употребата на вештачката интелигенција и пазарот побарува секојдневно унапредување на иновативноста. За разлика од странство, тука иако на попочетно ниво, во таа насока помагаат многу вебинари, настани, конференции кои се одржуваат кај нас и во соседството, на теми поврзани со унапредување во менаџирањето со вработените. На овие настани најчесто се зборува за примена на соодветни техники и вештини од страна на специјалистите за човечки ресурси, но во последно време не изостануваат темата за дигитализација на процесите и примена на современи софтверски алатки како адекватна помош за попрецизно давање на точен feedback.

Oд каде дојде иницијативата за соработка со консултантската куќа Консалтинг Интер Груп и кој беше всушност мотивот за тоа?

Многу спонтано, на кафе.  Ние се распрашувавме токму за интересот на нашите компании генерално за дигитализација и автоматизација, а воедно и за искористување на евопските и меѓународните фондови. Она што на прва нè поврза е подготвеноста на нашите компании да се дигитализираат во сите сегменти, а не само во оваа област, како и да бидат во тек со тековните европски потреби. Во текот на првите неколку состаноци всушност заклучивме дека и покрај реалните потреби, сепак најмалку се нудат холистички решенија за човечките ресурси, а напротив решенијата поврзани само со кориснички бази или материјално-финансиско работење предничат на пазарот. Оттука дојде и нашата соработка која ќе им помогне на домашните компании да растат побрзо.

Во што конкретно ќе се состои соработката на една консултантска и една ИТ фирма? Како практично ќе делувате?

Нашата соработка се состои главно во продажниот и презентацискиот дел. Конкретно, Консалтинг Интер Груп е сериозна компанија која има огромно искуство во пренесување на клучните придобивки за компаниите и како дигитализацијата може значително да им го олесни патот до поголеми европски фондови. Оваа консултантска компанија има јасна стратегија и цел која клиентот може лесно да ја препознае и прифати. Всушност, наша заедничка цел е и да им помогнеме на компаниите преку развојот на тимот да стигнат побрзо да посакуваните резултати.

Како тим кој бара решение за проблемите во сегментот на менаџирање со човековите ресурси може ли да ни кажете кои се најчестите проблеми во оваа насока?

Прво, морам да потенцирам, дека нашиот тим не е составен само од технички лици или лица кои се задолжени за продажни активности (и во овој сме подобри и од Google J). За да стигнеме до ова решение ние вклучивме експерти од многу области како што се: специјалисти за човечки ресурси, правници, тренери, коучеви, психолози, специјласти по бизнис анализа и администрација, менаџери на служби со сменско работење, менаџери на продажни центри и многу други. Редовно правиме истражувања на темата за да имаме посоодветни одговори за тоа што е во моментот најголем проблем во соодветените индустрии. Инаку проблеми има и ќе има, но тие ќе бидат сè помалку и помалку. Почнувајќи од процесот на регрутација, отсуства на вработените, мерење на перформансите, па сè до комуникацијата помеѓу тимовите или индивидуите.

Кои ви се очекувањата за пробив на домашниот, а кои за странски пазари?

Во Македонија започнавме со активни презентации во последните неколку месеци и за почеток работевме на подигање на свеста за придобивките од користење на овој тип решенија. Потоа почнаа да нè контактираат и првите заинтересирани клиенти со кои што веќе имаме одлична соработка.

Паралелно WIDNET Solutions веќе e активен и на странските пазари, особено во ЕУ, Северна Америка и во државите од Блискиот исток преку нашите партнери и вработените. Всушност WIDNET има свој тим на вработени во Трст (Италија) и Сантандер (Шпанија), од каде го покриваме тој пазар. Тргнувајќи од таа почетна точка, за прв пат може и јавно да соопштиме дека сме прва интернационална софтверска компанија која има софтвер за менаџмент со човечки ресурси кој промовира различност, еднаквост и инклузија (DEI). Оттука, нашите очекување на глобалниот пазар се големи. 

Сподели!
- Advertisement -