Научници од МИТ создадоа лек кој може да го врати изгубениот слух

- Advertisement -

Губењето на слухот е голем проблем кој се повеќе се шири. Дури се процвенува дека над 700 милиони луѓе во светот или 10% од глобалната популација ќе имаат прблеми со слухот, велат од СЗО.

Неодфамна се појавија тврдења дека вакцините за КОВИД-19 како нуспојава предизвикуваат губење на слухот, но досега нема студија која го потврдила тоа. А сега компанијата Frequency Therapeutics, која настана на Универзитетот МИТ, пронајде нов метод за третирање на овој хендикеп.

- Advertisement -

Компанијата за биотехнологија сака да го врати слухот со користење регенеративна терапија која го стимулира растот на клетките на влакната во внатрешното уво. Тие се рецептори кои ни овозможуваат да слушаме и изумираат поради акустични трауми или изложување на ототоксини. Она што е полошо е што кога ќе изумрат, тие ретко кога се обновуваат. Затоа овој третман не интригира сите.

Другата иновација во новиот метод е тоа што не користи некој надворешен уред како помагало за слух или имплант, туку лек кој инјектира молекули во внатрешното уво и потоа прогениторните клетки ги претвора во други клетки кои помагаат да никнат влакненца во внатрешното уво.

- Advertisement -

Клиничкото испитување било спроведено на над 200 пациенти кои забележале сначителни подобрувања на слухот. Сега компанијата работи со други 124 волонтери и прелиминрарните резултати се очекува да бидат готови на почетокот ја идната година.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -