Во Пекинг се гради библиотека која е целосно инспирирана од изгледот на една шума. Кровот на библиотеката е моделиран така да изгледа како шума од стебла на гинко билоба. Под тој кров се наоѓаат редови преполни со книги и на средината има еден дел кој личи на долина со стрмнини и падини.
Мноштво столбови се издигнуваат на средината и наликуваат на стебла од дрвја, а „долината“ е место каде што секој избира каде ќе седне и ќе чита книга исто како да седнале под дрво.
Целиот кров е покриен со соларни панели кои генерираат енергија, а секое „дрво“ е поврзано со системот за клима и секој поединечно ја регулираат температурата, влажноста на воздухот, осветлувањето, бучавата и ја собираат дождовната вода.
Ѕидовите на библиотеката се целосно направени од стакло и ова е првата самоодржлива стаклена фасада во Кина. Идејата е минувачите да можат да гледаат внатре во духот на споделувањето знаење.
Исто како и внатрешноста, каде што нема посебно назначени места за одредена работа. Библиотеката ја гради компанијата Snøhetta и се очекува да биде готова до крајот на оваа година.
(World Economic Forum)
(фото: Snøhetta)