Ресорт на Малдивите ја изгради најголемата соларна фарма на вода во светот

- Advertisement -

Ресортот Lux* South Ari Atoll на Малдивите нуди многу повеќе од одлични плажи. Овој ресорт со пет ѕвезди, кој се наоѓа на преубавиот остров Дидхуфинолху, во соработка со компанијата SwimSol и нивниот патентиран систем SolarSea ја направија најголемата соларна фама на вода во светот.
Технологијата на SolarSea помага да се собере соларна енергија за да се задоволат потребите за струја на островот и може да издржи навистина брутални временски услови како високи бранови, бури и солената вода. „Иновациите се клучни за постигнување вистинска одржливост и ние сме среќни што склучивме партнерство со Swimsol со цел да ја минимизираме штетата која и ја правиме на животната средина“ велат од ресортот.
Соларната енергија не е нов концепт за ресортот затоа што веќе го имале кровниот систем на Swimsol пред да се одлучат да постават 12 SolarSea платформи на море. Пловечките соларни панели не само што им штедат пари туку ја намалуваат емисијата на јаглерод диоксид на ресортот. Соларниот капацитет на Lux* South Ari Atoll се зголемил за 40% и достигнал 678 kWp, што е доволно енергија за да се напојуваат со струја сите гостински вили. Освен тоа, Lux* South Ari Atoll заштедува повеќе од 260.000 литри дизел годишно.

Сподели!
- Advertisement -