Калифорнија сака да воведе четиридневна работна недела за поголемите компании

- Advertisement -

Многу луѓе кои работат во Калифорнија наскоро можеби ќе работат само четири дена во неделата ако биде усвоен предлог-законот поднесен неделава. Предлог-законот треба да ја смени моменталната легислатива и да го намали бројот на работни часови неделно од 40 на 32 часа.

Ако некој работи повеќе од 32 часа неделно секоја прекувремена работа ќе му биде платена најмалку 50% повеќе. Најбитно кај овој предог-закон е тоа што ќе ги обврзува работодавците да им ја даваат истата плата на вработените кои работат 32 часа како да работеле 40 часа.

- Advertisement -

Овој закон ќе важи за компаниите со повече од 500 вработени, со одредени исклучоци. Слично нешто беше предложено и лани во земјата, но сега ситуацијата е сменета поради пандемијата на корона вирусот.

Како што велат велат предлагачите на законот, минатата година 47.000 вработени го напуштиле работното место затоа што нашле подобра работа. Тие испраќаат јасна порака дека сакаат подобар баланс меѓу работата и приватниот живот, како и подобро ментално и емоционално здравје е нивниот заклучок.

- Advertisement -

Трговската комора на Калифорнија го оспорува законот и тврди дека оваа нова мерка ќе создаде дополниетелн трошок за вработените и вклучува обврски кои е невозможно да се исполнат. Исто така, според Трговската комора, законот ќе го сузбие растот на работните места во земјата и веројатно ќе ги намали можностите за работа. in a letter to Low.

Иако идејата да се воведе четиридневна работна недела не е никаква иновација, сепак стана актуелна изминатите 2-3 години затоа што бизнисите ги преиспитуваат нивните работни пракси и ги прилагодуваат на новосоздадените услови од пандемијата на КОВИД-19.

- Advertisement -

(Computer World)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -