Утринското кафе во ЕУ наскоро ќе биде луксуз кој многумина нема да си го дозволат

- Advertisement -

Пиењето кафе наутро е ритуал за многумина, но наскоро може да стане луксуз ако продолжат да растар цените на кафето, објави европската агенција за статистика Евростат. Цената на кафето во август во ЕУ била во просек 16,9% повисока отколку пред една година, додека во август 2021 година била во просек за 0,5% повисока отколку во август 2020 година.

За оние кои пијат кафе со млеко и со шеќер овој утрински ритуал е уште поскап затоа што и цените на тие производи моментално се до плафон. Свежото млеко од август 2021 до август 2022 година поскапело во просек за 24,3%, а млекото со пониска содржина на масти во истиот период поскапело за 22,2%.

- Advertisement -

Најмногу поскапел шеќерот, чија цена во август годинава била за 33,4% повисока во споредба со 2021 година, додека разликата во цената во 2021 во споредба со 2020 година била само 0,8%.

Сите четири производи се поскапени низ цела ЕУ, освен во Малта, каде што не е променета само цената на млекото со ниска содржина на масти. Литванија и Естонија се меѓу првите пет земји во кои најмногу поскапеле три од четири производи, а Унгарија, Литванија и Хрватска се меѓу земјите со најмногу поскапено млеко.

- Advertisement -

Кафето најмногу поскапело во Финска – 43,6%, потоа во Литванија (39,9%), Шведска (36,7%), Естонија (36,4%) и во Унгарија (34,3%. Најголема годишна инфлација на шеќерот е забележана во Полска (109,2%, Естонија (81,2%), Летонија (58,3%), Бугарија (44,9%) и на Кипар (43,2%).

Цената на полномасното млеко најмногу се покачила во Унгарија (51,7%), Литванија (46,8%), Хрватска (43,5%), Чешка (43,3%) и во Летонија (40,1%), a млекото со ниска масленост најмногу поскапело во Литванија (50,2%), Хрватска (41,2%), Естонија (38,9%), Германија (30,6%) и во Унгарија (30,1%).

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -