Гратче во Шпанија го смени името во Украина во знак на поддршка

- Advertisement -

Мирно мало гратче во јужниот дел на Шпанија го смени своето име во Украина во знак на солидраност со земјата која се најде среде конфликт, иако се оддалечени повеќе од 4.000 км.

На знакот на влезот во градот натписот Фуентес де Андалусија се смени во Украина, а обоено е и знамето на Украина. Дел од улиците исто така ги сменија своите имиња.

- Advertisement -

Така, во ова гратче источно од Севилја со околу 7.100 жители сега има улици со имињата Киев, Одеса и Мариупол.

„Главната цел на овој наш потег е да се подигне свеста на луѓето за конфликтот во Украина, но и за другите земји каде што се војува во моментот“ вели градоначалникот Франциско Мартинез.

- Advertisement -

Тој додава дека промената на името повеќе е симболична и дека жителите исто така собрале 3.500 евра за планираниот центар за бегалци во градот. Гратчето сака да им понуди дом на околу 25 бегалци во центарот за бегалци или во некои од локалните семејства.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -