Државниот студентски дом – „Скопје“ набави машини за рециклирање на пластика наменета за студентите кои престојуваат во студентските домови со цел редуцирање на отпадот, подигнување на свеста за рециклирање и зачувување на животната средина. Покрај глобалната придобивка – зачувување на животната средина и зацврстување на навиките за рециклирање, со студентската картичка тие ќе можат да вршат и т.н. „поврат на средства“. Средствата ќе се враќаат на студентското салдо со секое рециклирано пластично шише и алуминиумска амбалажа. На овој начин, престојот и храната во студентските домови се намалува, но следат и други низа поволности. Студентите кои ќе ја имаат оваа картичка ќе можат да пазаруваат во други објекти со попуст, а се подготвува и продлабочување на мрежата каде сè ќе може да се користи оваа картичка. Покрај студентите во домовите, ќе можат да рециклираат и вработените во истите.
“Набавката на машините за рециклирање исто така ќе допринесе на долг рок кон подобрување на условите на Студентските домови, што е во рамките на нашата мисија – студентот да има пристојни услови за учење и творењe.” – изјави Виктор Велевски, директор на Студентските Домови „Скопје“
Студентските домови на овој начин демонстрираат претприемништво и се добар пример за сите институции да почнат размислуваат “надвор од кутијата”. Менаџментот на Студентските домови до сега успеа да најде начин за алтернативни приходи, а со тоа и да се самофинансира, а со тоа да обнови дел од капацитетите на домовите.