Пред две недели во Русија е подигната тужба против Netflix затоа што компанијата го напушти рускиот пазар, а неделава слична тужба беше покрената и против Apple, а причина е стопирањето на нивниот сервис за плаќање Apple Pay, кој моментално не е активен за корисниците во Русија. Овие две компании, како и мнгоу други локални компании, се одлучија да прекинат со работа во Русија откако Путин ја нападна Украина.
Од адвокатската компанија Chernyshov, Lukoyanov & Partners, која ги застапува руските корисници на уредите на Apple, сметаат дека со оневозможување на услугата Apple Pay се прекршени правата на руските корисници, поради што подигнаа тужба против американската компанија.
Како главен проблем го нагласуваат фактот дека со блокирањето на услугата оваа компанија ја намалила функционалноста на своите уреди на пазарот, па корисниците не ја добиваат услугата која ја платиле, а со тоа се намалува и вредноста на самите уреди . Тоа, според руските закони, е нечесна и дискриминирачки пракса, велат од Chernyshov, Lukoyanov & Partners.
За почеток бараат отштета од околу 1,28 милиони долари, а тука е вклучен и надомест за нанесена морална штета. Исто така, освен парична отштета, бараат и повторно враќање на услугата во Русија.
Од Apple досега немаат одговорено на оваа тужба.
(Zimo)