Цукерберг најави NFT на Instagram и Facebook

- Advertisement -

Од Metа и претходно најавуваа поддршка за NFT на Instagram, а вчера првиот човек на компанијата, Марк Цукерберг, објави дека поддршката за незаменливите токени ќе почне оваа недела. Исто така, освен на Instagram, NFT наскоро ќе биде достапна и на Facebook. Од компанијата изјавија дека се надеваат оти оваа технологија ќе помогне да привлечат многу повеќе корисници.

На почетокот токените на Instagram ќе бидат достапни само за мал број американски креатори и сопственици, а ќе се прикажува во листата со вести на Instagram, како и во приказните и пораките. За прикажување на NFT, Instagram нема да зема провизија. Од компанијата објаснија дека прво почнуваат со тестирање на ал број корисници за да можат да „учат од заедницата“. После Instagram и Facebook токените можеби ќе почнат да се појавуваат и на уште една популарна палтформа на Metа – WhatsApp, но плановите за тоа уште не се официјално објавени.

- Advertisement -

На почеток Instagram ќе поддржува NFT на блокчеин на Ethereum и на Polygon, а потоа и на Solanа и Flow.

Оваа најава доаѓа во време кога побарувачката за токени е во голем пад. Имено, неодамнешните податоци покажуваат дека од септември минатата година овој пазар паднал за дури 92% – дневната продажба тогаш изнесувала околу 225.000 NFT, а сега е падната на само околу 20.000 дневно.

- Advertisement -

(фото: Pixahive)

(The Verge)

Сподели!
- Advertisement -