Тим од геолози откри минијатурни остатоци од живот на прокариоти и алги заробени во кристали од халит стари дури 830 милиони години. Халит е натриум хлорид, исто така познат и како камена сол. Ова откритие сугерира дека овој природен минерал можно е да бил претходно неискористен ресурс за проучување на древните средини на солена вода. Организмите заробени во него може уште да се живи.
Ова неверојатно откритие исто така има импликации на потрагата по древен живот, не само на Земјата, туку и надвор од неа, како на пример, на Марс, каде што се идентификувани големи наслаги од сол како доказ за дредвни големи резервоари на течна вода.
Микроорганизмите не изгледааt онака како што можеби очекуваме. Претходните древни микрофосили се пронајдени во карпи како шкрилци, кои датираат од пред милијарди години.
Меѓутоа, солта не може да ги сочува органските материјали на ист начин. Наместо тоа, кога се формираат кристалите во средина на солена вода, мали количини течност може да се заробени внатре. Тие се викаат течни инклузии и тоа се остатоци од матичната вода од која се кристалзиирал халитот.
Затоа тие се особени вредни бидејќи можат да содржат информации за температурата на водата, хемискиот состав на водата, па дури и атмосферската температура во времето кога настанал минералот.
(Science Alert)
(фото: Flickr)